Ѓер се прошета низ Есбјерг

По одличниот натпревар против Крим, унгарскиот шампион – Ѓер продолжува со доминацијата во групата 2 по победата 32-26 остварена над Есбјерг. Оваа победа го заврсти Ѓер на првата позиција со 10 поени во групата 2, додека Есбјерг во моментов се наоѓа на последната позиција во групата 2 со само 2 освоени бода.

Во текот на целиот натпревар, унгарскиот шампион ја имаше контролата и не дозволи на домаќинот во ниту еден момент да се закани за поделба на бодовите од овој дуел. Првиот дел заврши со само два погодока предност за гостинската екипа 14-12, а во вториот дел екипата која се наоѓа на листата на главни фаворити за освојување на Лигата на Шампионите ја зголеми разликата и тримуфираше со солидна разлика 32-26.

Амброш Мартин во своите редови ја имаше екстра расположената Анита Горбич која со 11 погодоци беше предводник на победата која ја забележа унгарската екипа. Едуарда Аморим-Талеска беше втор стрелец со 8 погодоци. На спротивната страна Алм постигна 9 погодоци од 17 упатени удари кон противничката мрежа.