Шундовски изненаден од Бешикташ: Прво искуство за турците во групната фаза на Лигата на шампиони

Турскиот шампион Бешикташ за прв пат во својата историја се пласираше во групната фаза на Лигата на шампионите. Во рамките на групата 3, на квалификацискиот турнир во белгискиот Хаселт,  екипата на Бешикташ убедливо го совлада романскиот шампион Констанца со 34-25 (18-12).
Романците ги тресеше финансиска криза овие неколку месеци и кога се чинеше дека рaботите се стабилизираат Констанца остана без настапите во Лигата на шампионите.
Од друга страна екипата од Истанбул, Бешикташ со ново раководство и големи амбиции ги засили своите редови со квалитетни и искусни ракометари. Меѓу најзвучните имиња е поранешниот хрватски репрезентативец Иван Нинчевиќ кој беше најпрецизен во својот тим со 6 погодоци. Во редовите на романскиот шампион, Тома постигна 7 погодоци.
Поранешните ракометари на Вардар и Металург, Ракчевиќ и Бранко Ангеловски постигнаа 5 односно 4 погодоци за поразениот тим.
Нов предизвик за Бешикташ ќе бидат екипите на Барселона, Орлен Висла Плок, Киф Колдинг, актуелниот првак во ЛШ Фленсбург и Алингсас во групата Б.