Штербик: Можеби сме послаби од некои екипи, но Вардар никогаш не излегуваме на терен со бело знаме!

Чуварот на мрежата на Вардар – голманскатa легенда Арапд Штербик во интревјуто за официјалниот сајт на ЕХФ зборува за неговиот поранешен клуб Веспрем како и за „рецептот“ за осојување на Лигата на Шампионите.

На кој начин, Штербик успеава да ги остане смирен и што е она што го прави Вардар поразличен од другите клубови за кои настапувал прочитајте подолу.

Имате толку многу искуство зад себе, а сè уште сте многу смирен на теренот. Како успевате да го постигнете тоа?

  • „ Сето тоа е работа на искуство кое го стекнувате играјќи бројни важни натпревари кои ве учат како да се контролирате себе си. Во текот на играта има многу промени. Некогаш имате добар почеток, а потоа формата оди во надолна линија. Друг пат пак може да се соочите со спротивна ситуација, но јас секогаш се трудам да останам смирен до крајот и да ја зачувам својата сила и мотивација. Чувствувам сè длабоко во себе, но не сум човек што покажува видливи емоции во секоја ситуација.  Секако, прославувам по завршениот натпревар ако имаме позитивен резултат.  “

Веќе игравте против Веспрем оваа сезона,  но унгарскиот тим излезе како победник. Како гледате на следниот дуел со нив?

  • „ Ако имате намера да одите чекор понапред тогаш мора да направите добар резултат. Најважно е да покажеме добра игра на теренот и со позитивен резултат да одиме на реваншот во Веспрем. Сите во државата сакаат оваа сезона да направиме чекор понапред, се надевам ќе имаме добра атмосфера во салата како што имавме и на предходните натпреварите што ги игравме дома. Имаме голема помош од нашите навивачи, тие нè носат напред кога ни е тешко и овој пат се надевам дека заедно ќе направиме добар резултат. “

Веќе втора сезона играте во Скопје. Што го прави Вардар поинаков од другите тимови за кои сте настапувале?

  • „ Не можам да кажам дека има многу голема разлика. Во Суидад Реал и Барселона ги имавме најдобрите играчи на светот, а овде го подобруваме играчкиот ростер секоја сезона. Ми се допаѓа фактот што овде во Вардар успеавме да изградиме тим со голем борбен дух што секогаш оди на победа.  Можеби нашиот состав е послаб од некои други тимови, но не сме излегле со бело знаме и на секој натпревар се боревме за поените. “

За шансите на Вардар оваа сезона во Лигата на шампионите, Штербик смета дека тимот е на добар пат. Успехот не доаѓа преку ноќ и многу работи се непредвидливи кога станува збор на Лигата на шампионите.

  • „ Многу е тешко да се предвиди дали ќе бидеме дел од Фајнл-фор турнирот оваа сезона, но можам да ветам дека ќе го дадеме најдоброто од себе. Секоја сезона станува многу потешко да се дојде до Келн и навистина е тешко да се предвиди дали ќе успееме да го направиме тој успех. Сепак можам да ветам дека ќе дадеме се од себе, бидејќи играме против конкурентот број еден за титулата. “ – изјави чуварот на мрежата на вардарци.