Шпанија го урна хрватскиот сон

Вториот полуфинален ден понуди две лица за двете селекции. Хрватска и Шпанија се секогаш при врвот на ракометот затоа неразбирливи се осцилациите во играта со која стигнаа до полуфиналето. Шпанија не можеше да се пронајде на почетокот на натпреварот, но потоа фати залет, за потоа повторно во вториот дел истото да го повтори.

„Каубоите“ имаа одличен вовед во натпреварот и по првите три минути имаа предност од 2-0, а веќе по 16 минути ја зголемија предноста на три погодоци 7-10. Но неразбирлив пад во играта на Хрватска бројни технички грешки, промашувања, лош избор на проигрувања  сето тоа и донесе серија од 8-1 во последните 10 минути од првиот дел, кој заврши со резултат 18-14 во корист на Шпанија.

12630988_10208466351005456_2018158566_o

Гидеон Гвардиола ги постави највисоките пет погодоци на почетокот од второто полувреме, а Хрватска возврати преку Мариќ и Хорват за намалување на високата разлика. Хрватска полека, но сигурно се доближуваше до предноста на Шпанија за во 45-та минута да дојде до минимални 24-23.

Слично како и во првиот дел, наместо да израмни Хрватска од 53-та минута влезе во низа грешки по кои Томас и Ривера беа немилосрдни кон голот на Алиловиќ. Сето тоа резултираше со четири разлика (30-26) во 55-та минута. Последните моменти од натпреварот се играше гол за гол, за победа на Шпанија од 33-29 вредна финале.

12620783_10208466350885453_1594597131_o

Најпрецизни во составот на Шпанија беа Антонио Гарсија и Валеро Ривера со по шест голови, во составот на Хрватска Слишковиќ постигна шест. Одличен на голот во одлучувачките моменти беше шпанскиот голма Перез де Варгас.