Школата на Пелистер на интернационален младински турнир во Грција

Турнирот „Данаон куп 2018“ традиционално по шесттипат ќе биде домаќин на кадетски и младински екипи во машка и женска конкуренција. Учесниците на натпреварувањето ќе бидат поделени во четири младински категории во кои ќе си ги одмерат своите сили со противници од различни држави.

Од Македонија, учество ќе земе екипата на Пелистер, која доби покана од клубот домаќин и поранешен шампион на Грција, Диомидис Аргос. Натпреварите ќе со одиграат во помалите гратчиња Аргос, Нафпилон, Толо и Неа Кио каде што дечињата ќе доживеат неверојатни искуства, квалитетни натпревари, забава, сонце и море.

Интернационалното натпреварување ќе започне во понеделник на 2 јули додека завршницата е предвидена за 7 јули. Нашиот тим ќе одигра пет натпревари и ќе биде сместен во Нафпилион, еден од градовите домаќини.