Шишкарев на состанок со Шишкарев (ФОТО)

Во руската престолнина Москва, десното крило на Вардар – Данил Шишкарев, имаше неформална средба со председаталот на Руската ракометна федерација – Сергеј Шишкарев.

Тие дискутираа за победата на Вардар во Лигата на шампионите, како и за актуелната ситуација во клубот, но и за националниот тим на Русија.

Данил му ги пренесе на Сергеј деталите за атмосферата во тимот, за плановите за подготовки пред стартот на Европското првенство, како и за желбата да се стигне до олимписки квалификации.

„Олимпијадата е наш сон“, кажа Данил.

Фото: handballfast.com