Шипжак не доаѓа во Вардар, најблиску е до Монпелје

Кружниот напаѓач Камил Шипжак ја игра последната сезона во дресот на каталонскиот гигант Барселона. За полските медиуми пред неколку дена најави дека има понуда и од македонскиот шампион Вардар, но тој е на чекор до потпис со тимот на Монпелје.

„Јас сум блиску до преселба во францускиот шампионат. Германската лига секако дека е најдобра во светот, но натпреварите во Франција секој ден се се подобри“, вели Шипжак.

Тој најчесто добива шанса во Асобал лигата, а во ЛШ одигра пет од десет меча и постигна осум погодоци. Претходно одигра неколку одлични сезони во дресот на Висла Плоцк во најелитното европско натпреварување.