Шиофок прави тим за атак на тронот на Ѓер, се засили со репрезентативка на Франција

Тимот на Шиофок од Унгарија има сериозни намери следната сезона да биде достоен ривал и за Ѓер и за тимот на ФТЦ Раил Карго. За таа цел веќе се засилува составот, а новото име кое доаѓа во клубот е од Франција и од тимот на Мец. Станува збор за Гносијан Ниомбла која веќе ова лето ќе го засили освојувачот на Купот на ЕХФ.

Таа има 29 години и е една од најдобрите ракометарки на позицијата лев бек во светот. Оваа сезона настапуваше за Мец, а претходно успешно го носеше дресот и на ЧСМ Букурешт и Лориен. Постигна одлични резултати во кариерата, а највредни и се златните медали со репрезентацијата на Франција  на Европското првенство во 2017 и на Мундијалот една година подоцна.

Ниомбла преставува големо засилување, но и замена за Габриела Периану која е нов играч на ЧСМ Букурешт. Покрај оваа искусна Французинка во Шиофок дојдоа и Мелида Шикора, Јулија Харсфалви, Сузана Томори, Киншо Чапо, Кјерстин Боге Солас и Нереа Пена. Клубот го напуштија Мелинда Гајгер (пензија), Дениса Деду, Естела Нзе Минко, Миреја Гонзалез, Асма Елѓауи и Татјана Кмирова (привремена пензија).