Шимкуте стана “русинка”

Централниот бек на екипата на Ростов-Дон – Регина Шимкуте доби руско државјанство со што стекна право на настап за руската женска ракометна репрезентација.Следниот собир на руската репрезнтација е во наредниот месец, и селекторот Евгениј Трефилов веќе испрати покана до новата репрезентативка за учество на собирот.

Со овој чекор Русија добива одлично засилување на бековската позиција имајќи го во предвид фактот дека Шимкуте во измината сезона постигна 103 погодоци во 23 натпревари, бранејќи ги боите на екипата на Ростов-Дон.

На Европското првенство во Унгарија и Хрватска на крајот на оваа годинава,  ждрепката ја доведе Русија во групата А каде ќе се сретне со еден од домаќините на првенството – Унгарија, Шпанија како и со репрезентацијата на Полска.