Шведска лесен залак за моќната Шпанија

Репрезентацијата на Шпанија на свој терен ја совлада Шведска со 33:25 во рамки на пријателските средби кои ги играат тројцата домаќини и актуелниот европски првак.

Почетокот беше израмнет, а после 2:2 домаќините го засилија темпото. Тие постигнаа шест гола во низа, а примија само два за прва поголема предност на средбата. Шведска накратко намали на три гола, но подоцна следуваше нова серија од „фуријата“ од 5:0 за големи осум гола негатива.

Полувремето заврши со резултат 19:11, а во вториот дел убедливата игра на Шпанците им донесе и предност која на моменти се движеше во двоцифрени маргини. Тренерот на домашните направи неколку ротации и сите играчи добија можност да се покажат.

Најистакнати беа Раул Ентрериос и Адриан Трехо Фигерас со по шест гола. На другата страна Фредерик Петерсон погоди седумпати. Овие две репрезентации подготовките ги завршуваат овој викенд. Шпанија в сабота и гостува на Норвешка, додека Шведска ќе ги одмери силите со Австрија. Денеска, пак, во рамки на 5. коло Австрија ја пречекува Норвешка.

ЕХФ КУП 2020

5.КОЛО

ШПАНИЈА – ШВЕДСКА 33:25            

Ентрериос 6, Фигуерас 6, Балагер 4 – Ф. Петерсон 7, Д. Петерсон 5, Ване 5

ЧЕТВРТОК, 13 ЈУНИ

20:25ч

АВСТРИЈА – НОРВЕШКА

6.КОЛО

САБОТА, 15 ЈУНИ

19:15ч

НОРВЕШКА – ШПАНИЈА

НЕДЕЛА, 16 ЈУНИ

17:00ч

ШВЕДСКА – АВСТРИЈА

ТАБЕЛА: 1. Норвешка 8 бода (138:114); 2. Шпанија 8 (155:140); 3. Шведска 2 (140:161); 4. Австрија 2 (122:140)