Шампионите пречекани во Каиро: Пехарот од Мундијалот во Скопје кај претседателот на Египет (ФОТО)

Ракометарите кои во неделата победија на Светското првенство за кадети во Скопје денеска се вратија во својата земја, а пехарот го однесоа кај нивниот претседател.

Првиот човек на Египет ги прими младите ракометари и им честиташе за направениот резултат.

Кај претседателот на Египет се појавија и претседателот на ИХФ, д-р Хасан Мустафа, премиерот на Египет, претседателот на Агенцијата за млади и спорт…

Скопје ќе остане засекогаш запаметено за овие момци бидејќи успеаја да стигнат до трофејот со одлична игра во текот на целото првенство.

Воедно ова за нив е одлична најава за Мундијалот во сениорска конкуренција на кој се домаќини во 2021 година.