Шалевска продолжува во Норвешка

Искусната ракометарка Тања Шалевска во новата сезона се сели на северот на Европа, во норвешкиот клуб Еидсберг. Шалевска во 2012 година се врати во Жито Прилеп од Јотун каде настапуваше една сезона (2011/12), а освен за Жито Прилеп играше и за Амбалажа Кабран – Кавадарци и ЖРК Куманово. Во последните две сезони стана лидер во прилепскиот тим, а на некои суперлигашки натпревари даваше и над 15 голови. Во европските натпреварувања има постигнато вкупно 71 голови во мрежата на противниците. Ова ќе биде втора сезона за Тања Шалевска во Норвешка, по сезона 2011/12 каде со нејзината соиграчка од Жито Прилеп, Марија Папуџиева го носеа дресот на Јотун.

tanja salevska- rk zito prilep
Незгоден бек за противникот – Тања Шалевска Фото – zrk.rkmetalurg.mk