Чурлевски: Не се опишува чуството кога си на терен! (ВИДЕО)

Македонија стигна до својата втора победа на СП во Данска и Германија, а посебно радува што свој удел во овој триумф имаа и ракометарите кои дебитираат на големите ракометни натпреварувања.
Еден од нив е и ракометарот на Еурофарм Работник и син на прославениот поранешен македонски репрезентативец Боро, Филип Чурлевски. Дуелот со Бахреин ќе остане засекогаш врежан во неговото сеќавање бидејќи го постигна својот деби погодок на светските ракометни првенства.Какво е чуството да се дебитира на едно вакво големо ракометно натпреварување како и предизвиците кои следуваат на истото погледнете во изјавата која Чурлевски ја даде за 24Ракомет ТВ.