ЧСМ Букурешт им должи плати на ракометарките кои си заминуваат

Ракометарките од Шведска, Сабина Јакобсен и Натали Хагман го напуштаат тимот на ЧСМ Букурешт на крајот на сезоната. Клубот сè уште нема расчистено со ракометарките бидејќи уште им дожат две плати.

Сабина Јакобсен би требало следната сезона да го носи дресот на ЦСКА Москва, а Натали Хагман кариерата ќе ја продолжи во Одензе.

„Се надевам дека ќе бидеме исплатени. Парите требаше да бидат префрлени пред некој ден, но ние сè уште не добивме ништо. Секој си ги сака своите пари и многу е непријатно кога нема да ги добиете“, рече Сабина Јакобсен.

ЧСМ Букурешт имаше големи амбиции, но откако не постигна добри резултати сезонава почнаа проблемите во клубот и голем дел од ракометарките си заминуваат, а исто така и тренерот Ѓукиќ ја напушти екипата.