ЧСМ Букурешт влезе во серија порази, Динамо го доби градското дерби

Иако ракометарите на ЧСМ Букурешт предводени од Звонко Шундовски славеа во првото коло од романскиот шампионат, сепак по тој триумф доживеаја три порази. Прво од Динамо Букурешт во романскиот Суперкуп, потоа од Васлуи дома, на крај и втор пораз за кратко време од градскиот ривал во првенството.

ЧСМ загуби кај Динамо со 28:27, иако мечот во поголемиот тек беше изедначен. Гоце Георгиевски во поразот на неговиот тим постигна 4 голови и беше трет стрелец. Следен предизвик за ЧСМ ќе биде домашниот дуел со Фочани, што ќе биде добра можност за излегување од резултатската криза.