Човиќ: Второто полувреме ни ја донесе победата

Екипата на Вардар триумфираше над дански Митјиланд со резултат 26-24 во возвратниот четвртфинален дуел од Лигата на шампионите и четврти пат по ред ќе се најде на Ф4 турнирот во Будимпешта. Вардарки губеа еден разлика во првото полувреме, но во вториот дел го поправија впечатокот, а една од најистакнатите ракометарки во вториот дел беше Андреа Човиќ која го одигра можеби најдобриот натпревар во дресот на Вардар.

Андреа Човиќ: „ Првото полувреме имавме многу технички грешки , а Митјиланд поентираше од контра напади, но во второто одигравме малку подобро и  успеавме да триумфираме вечерва. И честитам на мојата екипа за пласманот, а на Митјиланд за добрата игра вечерва“