Черноиванеко: Скопје е одличен град

Новото засилување на Вардар – Олга Черноиванеко пристигна вчера во главниот град. После вечерашниот тренинг за читателите на 24ракомет, Черноиванеко ги сподели своите досегашни впечатоци од новата екипа.

Моите импресии после доаѓањето во Скопје се прекрасни. Имав можност да се прошетам малку низ центарот на градот и задоволна сум од тоа што го видов. Што се однесува до тренингот, вечерва присустував на првиот тренинг надвор од Русија, и моите импресии се одлични. Се работеше за лесен тренинг и имавме можност за добро запознавање помеѓу играчите. Ми се допаѓа и тоа што играчите зборуваат на англиски и со тоа нашата комуникација се одвива без проблеми.