Червар: Нашите играчи немаат победнички менталитет како Французите

Храватската репрезентација го заврши светското првенство на 6тата позиција по денешниот пораз од Данска со резултат 28-24.

Тренерот на македонскиот шампион Металург – Лино Червар во колумна за index.hr го коментира настапот на Хрватска:

“Нашиот менталитет не e како на Французите. Тие имаат работна етика и не запираат во своите амбиции. Гладни се за победа но и за тренинг. Кај нив желбата за напредок е постојана. Затоа нивната кариера трае со години. Погледнети ги Омејер, Карабатиќ, Нарцис или Фернандес. Нашите играчи ако дојдат до таква слава, мислат дека тие повеќе не треба да тренираат. Се напредува до смрт, дури ако треба само во главата. Убеден сум дека нашите играчи можат да напредуваат но мора да останат млади во главата.”

Една од главните теми на ова првенство е судењето а коментарот на Червар по ова прашање е:

“Ако не се променат правилата, ракометот ќе стане како ватерполо. Се е во рацете на судиите”.