Червар: Двата бода се најважни од овој натпревар

Македонија со победа го стартуваше новиот квалификациски циклус за пласман на Европското првенство во Хрватска 2018 година, откако во Скопје ја совлада Украина со 27:21. Селекторот Лино Червар беше задоволен од изданието од младите играчи и истака дека најважното од овој натпревар се двата освоени бода и дека македонската селекција ќе патува во Чешка без психолошки товар.

„Квалификациите се нешто посебно. Ова е прв пат да играме во различен состав. Долги години игравме со Мојсовски и Миркуловски. Ова е нова репрезентација. Задоволен сум од резултатот. Мислам дека можевме да одиграме пдообро, но најважен е резултатот. Мислам дека мечот го почнавме доста добро во одбрана, но потоа не беше така. На полувреме водевме со три голови, во вториот дел се баравме во одбраната, шанса добија сите млади играчи и кога беше најпотребно, ја пронајдвоме вистинската одбрана, силна и цврста и на крај го приведовме натпреварот како што сакаме. Ги охрабривме младите играчи полека да влегуваат во натпреварите како што треба. Следи натпреварот со Чешка, тоа ќе биде сосема друг меч. Ние мораме да преспиеме, ќе се обидеме да се спремиме доволно. Полесно е да се оди таму со два бода, тоа е добро од психолошки аспект. Таму можеме многу да добиеме. Она што е најважно денеска е победата, и би сакал да се заблагодарам на публиакта, која во голем број не бодреше на овој меч. Тоа е мотив повеќе за националниот тим да бидеме уште подобри на следните натпревари.“ – изјави Червар.