Час по ракомет „Ала Вујо“ (ФОТО)

Во битката за 3. место на Струшкиот турнир денеска се среќаваат екипите на Железничар и Тулуз, а Веселин Вујовиќ максимално сериозно ја сфаќа својата задача иако се работи само за контролен натпревар.

Тој во текот на целиот турнир ги мотивираше своите ракометарите, а денеска пред почетокот на средбата против Тулуз одржа час зад трибините на отвореното игралиште на „Женска плажа“.

За што се зборуваше на часот и не треба многу да се претпоставува, но сосема јасно е дека Вујо пред натпреварите знае со смирен тон да ги мотивира своите играчи. Тоа влијае на нив да го дадат максимумот на теренот.

Како изгледа еден час по ракомет „Ала Вујо“ можете да погледнете на фотографијата.