ЦСМ со победа над Есбјерг го избегна Вардар во четвртфинале

Актуелниот европски шампион – ЦСМ Букурешт прикажа одлична игра на гостувањето во Данска и триумфираше со резултат 2520. Со оваа победа, романската екипа заврши на третата позиција во втората група со што го избегна македонскиот шампион во четвртфиналето.

Со двата погодока на Алм и еден на Ингстад, Есбјерг имаше почетно водство од 3-0, но ЦСМ брзо возврати со серија од 7-0 за целосно враќање на натпреварот и остварување на солидна предност од 3-7. Конфузијата кај домашните ракометарки продолжи и во понатамошниот дел од првото полувреме, па така предноста од 10-4 во 22та минута беше само минимално намалена на крајот на првиот дел 7-12.

Одличната игра на ЦСМ продолжи и на почетокот на вториот дел и во 45та минута со погодокот на Кармен Мартин имаше предност од 20-14. Есбјерг успеа да се приближи на само три погодоци разлика во 52 минута 18-21,но Кармен Мартин и Лобач успеаа да ја погодат противничката мрежа  и да ја вратат стабилноста во рацете на ЦСМ Букурешт. До крајот, данските ракометарки немаа сили за целосен пресврт па му дозволија на поквалитетниот противник да се радува по истекот на 60те минути со победата со резултат 25-20.

Со оваа победа, ЦСМ Букурешт ја заврши главната фаза на третата позиција, додека данскиот екипа Митјиланд е на четвртата позиција и во четвртфиналето силите ќе ги одмери до Вардар кој со вчерашната победа над Турингер ја обезбеди првата позиција во групата 1.