ЦСМ Букурешт го освои романскиот Суперкуп

Со натпреварот од Суперкупот започна сезоната во женската романска лига. Актуелниот освојувач на Лигата на шампионите, составот на ЦСМ Букурешт на домашен терен во салата Поливалента го пречека составот на ЦСМ Роман предводен од македонскиот стратег Андон Бошковски.

CSM Bukurest Roman-4

Европските првенки одлично го отворија натпреварот и по првите два погодока на обете страни дело на Мехмедовиќ и Тошковиќ со низа голови создадоа три погодоци позитива. Разликата постојано растеше и во 22-та минута достигна до високи 11-4. По првото полувреме Букурешт имаше предност од високи 13-6.

Сепак Роман не го подигна белото знаме, до 42-та минута успеа да намали на само два погодока (15-13), но шампионките повеќе ја посакуваа победата која им избега минатата сезона и на крајот дојдоа до триумф со конечни 23-17.

CSM Bukurest Roman-5

Новата ракометарка на ЦСМ Букурешт французинката Нијомбла беше најпрецизна со пет погодоци, додека во составот на Роман Јонут постигна четири голови, а Глипко и Тошковиќ постигнаа по три.

ФОТО: Мариус Јонeску (Marius Ionescu)