ЦСКА Москва ќе има чирлидерки на домашните натпревари (ФОТО)

Чирлидерската група „Lucky Demons“  ќе биде поддршка во следната сезона за екипата на ЦСКА Москва. Информациите за оваа соработка ги објавија официјалните лица од клубот.

Во групата „Lucky Demons“ членуваат околу триесет девојки, а овие чирлидерки имаат големо искуство во настапи на спортски настани. Тие имаат настапувано на Европското првенство во карате, свечената церемонија на отварањето на Параолимпијадата во Москва, натпревари во рагби во руското првенство. Исто така и на натпревари во одбојка, фудбал и спортови на плажа.

Во наредната сезона чирлидерската група ја продолжува соработката и со рагби клубот на ЦСКА Москва.