Црна Гора ја декласираше Унгарија

Во третото коло од Светско ракометно првенство во Данска, репрезентацијата на Црна Гора забележа убедлива победа над  Унгарија. Избраничките на Драган Аџиќ ја изиграа својата најдобра партија на првенството до сега. Нападот и одбраната функционираа беспрекорно, а Унгарките беа немоќни да се справат со налетот на ракометарките на Црна Гора.

Црна Гора – Унгарија 32-15 (17-9)

Мечот го отвори Мајда Мехмедовиќ со гол од контра напад, но на спротивната страна поентираше Ковачиќ. Зачик со два погодоци едно по друго и донесе водство на Унгарија (1-3) но следните неколку минути следуваше гол шоу на Милена Раичевиќ за водство на Црна Гора (4-3). Зачик ја прекина серијата на Црногорките (4-4). Следуваше серија од три погодоци на Црногорките (7-4), па Томори поентираше од девет метри и ја врати надежта на Унгарките(7-5). Одбраната на Црна Гора беше на највисоко ниво, па на пет минути пред крајот на првото полувреме резултатот беше (13-7).  Ни минутата пауза на Унгарија не вроди со плод, а предноста на Црногорките само растеше. На десет секунди пред крајот на првото полувреме Јовановиќ погоди за највисоки (17-9).

bulatovic 4

Ракометарките на Црна Гора го отворија второто полувреме со два гола на Јовановиќ и Мехмедовиќ од контра напад додека Соња Барјактаровиќ беше брилијантна меѓу стативите со својата тринаесетта одбрана. На дваесет минути пред крајот на мечот Кнежевиќ поентираше за највисока предност од 21-10. Во следните десетина минути се играше гол за гол се до 50-тата минута од натпреварот (26-14) кога Павичевиќ и Јауковиќ со своите погодоци ја решетаа мрежата на Унгарките. На три минути пред крајот Маер го даде последниот гол за Унгарија (31-15), а младата Гина Јауковиќ го запечати мечот со својот четври гол за конечни (32-15)

Соња Бајрактаровиќ блескаше на голот на Црна Гора, а во нападот се истакнаа Милена Кнежевиќ, Мајда Мехмедовиќ и Катарина Булатовиќ со шест погодоци.