Црвено-црните бои се во мода: Хрвати, Шпанци, Германци, Руси, Полјаци во дресот на Вардар (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Дека македонскиот бренд е популарен во Европа, денес можевме да се увериме пред Ланксес Арената. Македонскиот шампион Вардар денес ја обединува Европа. За Вардар во Келн навиваат Хрвати, Шпанци, Германци, Руси, Полјаци, многу јазици обединети во „црвено-црните“ бои.

Сите пријателски расположени нè пречекуваат и позираат пред објективот на 24Ракомет, а кога ќе започнеме разговор на македонски само ни се насмевнуваат. Тука почнува оваа сторија, малку на англиски, малку на руски, малку на германски, секој со своја приказна зошто денес го носи дресот на поранешниот европски првак.

Едно е сигурно Вардар ќе има подршка надвор од границите на Македонија, а за остварување на сонот, кој денес е поголем од оние 2 000 000 Македонци, ќе треба да го совлада Веспрем, вечерва во големото финале кое е со почеток од 18 часот.