Циндриќ: Македонија е многу незгодна, има голема разлика помеѓу Раул и Лино!

Хрватска исто како и Македонија според планот го стартуваше СП во Данска и Германија. По почетниот триумф над Исланд, вечерва лесно беше совладана репрезентацијата на Јапонија, а веќе утре ќе ги вкрстат копјата со нашата репрезентација.

Лука Циндриќ денеска доби поштеда од хрватскиот селектор, а веќе утре ќе биде главна алка во хрватскиот табор против нашите ракометари.

” Утре очекувам тврд и неизвесен натпревар. Македонија стварно игра одлично, некој прогнизираат дека ние сме фаворити но јас не би се сложил. Тие покажаа дека можат да играат против секој противник, имаат квалитет, разновидна игра и се доста незгоден противник”.

Циндриќ имаше можност да работи со Раул Гонзалес на клупата на Вардар, а со Лино Червар го има тоа задоволтво во Хрватската репрезентација. На обидот да направи паралела помеѓу работата на двајцата тренери, Лука вели:

” Има голема разлика во нивната работа.Раул е модерен тренер кој се прилагодува на екипата, додека пак Лино е мотиватор кој ја мотивира екипата да даде 100% од себе. Тоа е таа некоја основна разлика која можам да ја наведам”.

Циндриќ е задоволен од тоа како изгледа оваа подмладена репрезентација на Македонија на СП во Данска и Германија.

“Ми се допаѓаат како играат, стварно покажаа дека имаат квалитет и заслужено се присутни на СП”.- заврши Лука Циндриќ.

Дуелот помеѓу Македонија и Хрватска е закажан за утре (понеделник) со почеток од 18 часот.