Циндриќ дебитираше за Барса – со запирка покрај името!

Некогашниот ракометар на Вардар, а подоцна и на полскиот Келце, кој со македонскиот првак освои две европски титули – Лука Циндриќ, дебитираше за новиот тим Барселона, со пораз од германскиот Кил и со запирка покрај името во записникот.

Барселона загуби во пријателски натпревар од Кил со 33-29, откако и на полувремето имаше висока негатива од пет погодоци, 18-13.

Најдобар стрелец кај победникот беше Пекелер со шест голови, а по пет постигнаа Рајнкинд и Екберг. Кај Барсе се истакна Арињо со девет погодоци, додека Гомез и Палмарсон дадоа по четири.