Хумел е нов спонзор во СЕХА лигата

Еден од најпознатите производители на спортска опрема Хумел во следните две сезони ќе биде партнер на регионалната СЕХА лига. Спонзорскиот договор е потпишан на две години.

Нема детали што се` ќе добие СЕХА лигата од ова партнерство, но сигурно е дека покрај тоа што официјалните лица ќе бидат опремени со Хумел спортска опрема овој познат светски бренд уште повеќе ќе го зајакне своето позиционирање во ракометот.

Во новата сезона СЕХА лигата ќе брои повторно 10 екипи, а нов учесник е Стеауа од Букурешт. Романија првпат ќе биде дел од регионалното натпреварување.

Македонското дерби меѓу Металург и Вардар е закажано за 29 август во салата во СЦ „Борис Трајковски“ во 20,45 часот.