Хуанин Гарсија се враќа во Адемар Леон!

Поранешниот шпански репрезентативец, Хуанин Гарсија (37) од наредната сезона ќе настапува во својот матичен клуб Адемар Леон. Гарсија ја започна кариерата токму во овој клуб каде настапуваше цели 8 години (1997-2005), пред да замина во Барселона. Оваа сезона шпанскиот ветеран ги бранеше боите на Натурхаус Ла Риоха со која настапи во Лигата на шампионите, и го освои второто место во АСОБАЛ лигата веднаш зад неприкосновената Барселона.