Хмирова успешно оперирана, паузира најмалку четири месеци

Татјана Хмирова имаше успешна операција која што беше изведена во Хрватска и ќе биде надвор од ракометните терени најмалку четири месеци. Се очекува Хмирова да се стави на располагање на Индира Кастратовиќ во вториот дел на сезоната, кога ќе се води и главната битка за пласман на “фајнл-фор” турнирот во Будимпешта.

Првиот натпревар во ЛШ, Вардар го започнува во недела на тешкото гостување во Подгорица против екипата на Будуќност.