Хмирова оди на операција на рамото

Руската интернационалка во редовите на ЖРК Вардар, Татјана Хмирова утре заминува во Хрватска на операција на десното рамо. Оваа повреда ја мачи Хмирова подолго време, па во консултација со лекарскиот тим одлучено е операцијата да биде направена сега за да има време за периодот на рехабилитација и успешно враќање на ракометниот терен. Сеуште не е познато колку ќе трае рехабилитацијата, и кога може да се очекува враќањето на Хмирова на ракометниот терен.