Херои, воини, мајстори… тие се Вардар, гордоста на Македонија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ракометарите на Вардар уште еднаш ги разгалија срцата на сите вљубеници на ракометот во Македонија, па тешко дека некој можеше да остане мирен и да не им аплаудира на потезите кои ги направија во полуфиналето против Барселона особено во второто полувреме.

Момците на Роберто Гарсија Парондо одиграа еден од мечевите за кои ќе се зборува долго. Имало враќања и од поголеми разлики во Келн, но никој не успеал да го направи тоа против една Барселона која дојде моќна и доминантна во Келн. Дојде како лидер со само два порази во групната фаза, но кога најмногу требаше затреперија рацете пред Стоилов, Карачиќ, Кристопанс, Скубе, Дибиров, Милосављев… Тука се сите 16 кои играа, па и оние кои даваа поддршка од трибините за успех на Вардар.

Сите тие се херои и тоа не од денеска туку веќе со години. Сите тие се воини и тоа го докажале многупати, денеска беше само врвот. Сите тие се и мајстори и тоа се знае уште одамна. А се знае и нешто друго. Сите тие се играчи на Вардар, сите тие се гордоста на Македонија!!!