Хероите од „Јане Сандански“ ја покорија и „Ланксес арена“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ракометарите на Вардар ја спуштија завесата за сезоната 2018/2019. Се чини една од најдолгите сезони, после сите проблеми кои ги следеа ракометарите и после сето она што се случуваше, но сè се сведе на 120 минути и два големи натпревари за кои долго ќе се зборува.

Хероите од „Јане Сандански“ ја покорија и „Ланксес арена“. Оттанцуваа два шампионски танци во нешто повеќе од 24 часа, ги освоија срцата не само на своите верни приврзаници туку и на сите неутрални вљубеници.

Одличните моменти, пак, од финалето против Веспрем и победата од 27:24 можете да ги видите низ фотографиите во продолжение.