Херем: Сакам да си заминам од Вардар со титула!

Прекрасен натпревар одигра Вардар во „Ласло Пап“ Арената со кој обезбеди исторски успех за клубот и прво учество во финалето на Лигата на Шампионите.

Актуелниот првак ЦСМ Букурешт, уште во првите десетина минути имаше голема негатива која на крајот се одрази со пораз 33-38 од Вардар. Норвежанката Камила Херем со четири погодоци одигра одлична партија и беше меѓу клучните играчи во тимот на македонкиот шампион.

„Првото полуфинале беше прекрасно и ние не очекуваме дека ќе одиграме така добро. Игравме одлично во одбрана, имавме одлични голмани и трчавме многу. Утре ако сакаме да победиме мора да играме одлично и во двете полувремиња бидејќи Ѓер е одлична екипа која игра супер ракомет. Сепак, ако одиграме добро во одбрана како што игравме денес тогаш се е можно. Утре сите ќе го дадеме нашиот максимум и би сакала да си отидам од Вардар со шамионската титула“