Ханс Линдберг надвор од терените шест недели

Десното крило на Хамбург, Ханс Линдберг, заработи повреда на палецот од десната рака и ќе биде надвор од ракометните терени во наредните 6 недели. Тој ќе мора да ги пропушти тренинзите со топка, но затоа пак ќе може да учествува во кондиционите тренинзи на екипата.

Линдберг ќе ги пропушти првите натпревари во престојната сезона, а Хамбург како негова замена на позицијата десно крило ги има Стефан Шродер и младиот Кевин Хербст.

Линдберг пристигна во екипата на Хамбург во 2007 година, и има договор со германскиот тим до 2017година.
Минатата година и покрај проблемите со повредите, беше најдобар стрелец во својот тим и десетти стрелец во германската бундеслига.