Халгримсон се врати дома

По 13 поминати години надвор од домашната сцена легендата на ракометот во Исланд, Асегир Ерн Халгримсон прави „кам бек“ во исландската лига. Откако му истече договорот со екипата на Ним ова лето, искусниот десен бек потпиша двогодишен договор со тимот на Хаукар Хафнафјодур, клуб кој заврши петтопласиран во домашниот шампионат претходната сезона и тим во кој Халгримсон се оформи како квалитетен играч во почетокот на неговата кариера.

Откога го напушти својот старо-нов тим Исланѓанецот ја продолжи својата кариера во германски Лемго каде што се задржа две години. Подоцна своите сили ги испроба во Данска од каде што се врати во германскиот шамппионат за да игра за екипата на Хановер. Врвот на кариерата го доживеа во Париз каде што помина две години пред да се префрли во Ним каде што играше последниве четири сезони.

Халгримсон е еден од тројцата играчи кои го напуштија Ним откако претходно тоа го направија Хичем Кабеш и Томи Возаб. Десниот бек, кој има 34 години во претходната сезона за екипата на Ним во 24 натпревари успеа да погоди 30 пати, а за тоа колку квалитетен играч е говори фактот што за својата репрезентација успеа да погоди 420 пати во 252 натпревари.