ФТЦ убедливо против Хипо на пријателски натпревар

Ракометарките на ФТЦ и на Хипо го одиграа првиот контролен натпревар во подготовките за новата сезона. На убедлив начин гостинките триумфираа со резултат 27:34 (16-17).

Екипата од Будимпешта, во Австрија допатува  како фаворит и по завршувањето на натпреварот замина како победник. Австриски Хипо кој е драстично ослабен по заминувањето на главните ракометарки пружи солиден отпор само во првото полувреме, додека во второто полувреме младите сили од Хипо, немаа никакви  шанси да се надигруваат со поискусните ракометарки од ФТЦ.

Најефикасна ракометарка кај Хипо беше искусната Горица  Ачимовиќ со шест постигнати голови, пет додаде новото засилување Лерант Вивиен. Во победничкиот табор со осум голови се истакна германската репрезентативка , Лаура Стејнбах.