ФТЦ и Лајпциг во борба за групната фаза на ЛШ

Германскиот град Лајпциг е домаќин на квалификациската група број 1 во кој се играат натпреаварите кои ќе ја донесат последната екипа која ќе се приклучи во групата А во Лигата на Шампионите оваа сезона.

Во првиот натпревар љубителите на ракометот има можност да ги следат унгарскиот Ференцварош и холандската екипа Далфсен. Уште пред почетокот на натпреварот унгарките беа во фаворизирана улога и ниту во еден момент не ги оставија работите на случајноста во натпреварот во кој уште од самиот старт им дадоа на знаeње на противниците дека за нив нема место за финалето. После 20 погодоцои постигнати во првото полувреме, унгарките настапија смирено во вториот дел и обебедија лесна победа од осум погодоци разлика 33:25 (20:14).

Во вториот натпревар се силите ги одмерија домаќинот Лајпциг и Белурскиот шампион БелАз од Минск. После тешката и неизвесна сезона за белорускиот шампион јасно беше дека екипата нема доволно квалитет за да покаже достојна борба која би ги приближила до групната фаза од најсилното натреварување. Имајќи лесен протвник пред себе, германките предводени од Катја Шулке одиграа лесен натпревар во кој дојдоа до победа со резултат од 22-18 (15:5).

Финалето на програмата е веќе утре кога се очекува вистинска битка за билетот кој води до групата А во која веќе местата ги обезбедија Крим, Динамо и Хипо.

Резултати – Полуфинале 20/09/2014

Ференцварош – Далфсен 33:25 (20:14)

Лајпциг-Минск 22-18 (15:5)