Французите знаат кој ќе биде првак: Норвежанките веќе обезбедија победа на трибините (ФОТО)

Пред почетокот на финалето на Светското првенство во кое се среќаваат Норвешка и Франција како да е јасно која селекција ќе дојде до титулата. Франција остана без поддршка од трибините, а сосема извесно е дека ова ќе биде интересен дуел.

Од она што може да се забележи и од фотографиите на трибините има само дваесетина фанови на триколорките. Сите други навивачи се во боите на Норвешка, па сосема извесно е дека актуелните светски шампионки ќе имаат можност да играат како на домашен терен на овој дуел.