Французинот Хогас повторно во Македонија: Како Струга нема друга (ВИДЕО)

Вицепрвакот на нашиот јужен сосед, АЕК Атина славеше во финалниот натпревар на Струшкиот турнир против Еурофарм Работник.

Еден од повратниците во екипата на АЕК е францускиот интернационалец Малик Хогас, кој своевремено играше за составот на Охрид.

“Јас сум среќен што повторно сум во Македонија и што имавме шанса да играме со екипа каква што е Еурофарм Работник. Играв за Охрид, но среќен сум што имав шанса да гостувам овде. Како Струга нема друга”, вели Хогас за 24Ракомет ТВ.

Целосната изјава погледнете ја во видео прилогот…