Франција ја совлада Данска за утешното петто место

По победата на домаќинот во натпреварот за седмо место, во Вроцлав вечерната програма ја отворија два ракометни титани Франција и Данска, кои по непријатните изненадувања мораа да се задоволат со борба за петтото место.

Одличен почеток имаше се уште актуелниот Европски шампион, а серијата од 4-0 на почетокот на натпреварот го навести победникот на овој дуел. „Експертите“ до 12 минута имаа и пет погодоци предност (7-2), но повторно пад во играта кој е несвојствен за најдобрата репрезентација во светот, што секако го искористи Данска за целосно враќање во игра. Во претпоследната минута Менсах ги доближи Данците на само гол негатива, а Кункуд ги постави конечните 15-13 по првите триесет минути.

Воведот на вториот дел најави неизвесност, до 35-та минута Данска за прв пат го израмни резултатот, но Франција повторно создаде серија од 3-0 која ја одржуваше до 45-та минута.

Сван Хансен, Нодесбо и Менсах во 50-та минута го изедначија натпреварот на 25-25. Клучни за победа на Франција беа последните пет минути кога со серија од три погодоци Франција го постави конечниот резултат 29-26.

Најпрецизен беше Кункуд со осум погодоци, додека Сорендо додаде шест за Франција, во поразениот тим Кристијансен беше најпрецизен со седум голови