Франција: Нант и Монпелје за врвот на Француската лига

Вчера беа одиграни 5 натпревари од четрвртото коло на Француската ракометна лига. ПСЖ славеше на гостувањето против екипата на Ним со резултат 30:35 (11-16). По оваа победа Парижаните барем за еден ден се најдоа на првото место, бидејки денес од 20:45 победникот од натпреварот Нант-Монпелје ќе ја превземе првата позиција на табелата. Париз Сен Жермен има 6 бодови од 4 одиграни натпревари, додека пак екипите на Нант и Монпелје имаат 6 бодови но и натпревар помалку, оној меѓусебниот кој ќе го одиграат вечерва.

НИМ-ПАРИЗ СЕН ЖЕРМЕН 30:35 (11:16)

Екипата на ПСЖ ја имаше контролата од самиот почеток на натпреварот. Една од причините за таквиот развој на настаните секако беше легендарниот Омејер на голот кој запре многу клучни удари на домакините. ПСЖ играше концентрирано и во нападот и во одбраната на овој натпревар, и веќе по десет минути игра со голот на Копљар имаше водство од 4-8. Копљар беше и најпрецизен ракометар на оваа средба со 9 голови. До крајот на првиот дел ПСЖ продолжи во исто темпо за конeчни 11-16 по триесет минути игра.

Kopljar
фото: facebook/PSG

Во второто полувреме пред се благодарение на извонредната игра на Вилијам Акамбре и Игор Вори, парижаните ја зголемија својата предност на високи 9 голови разлика. До крајот на натпреварот домаќините успеаа само да ја намалат разликата за конечни 30-35.

Копљар со 9 и Акамбре со 6 голови беа најпрецизни во победничката екипа. Кај домаќините најдобри ракометари беа Павел Подсиадло со 7 и Флорен Фереиро со 5 постигнати погодоци.


ДАНКЕРК-КРЕТЕЈ 27:26 (15:14)

Екипата на Кретеј каде настапува нашиот репрезентативен голман Борко Ристовски имаше тешко гостување кај шампионот Данкерк и беше поразена со 27-26. Иако резултатот е тесен, екипата на Данкерк ја имаше контролата на овој натпревар и заслужено славеше. Шампионот одлично го започна овој натпревар и веќе во 6 минута имаше предност од 5-1. Кретеј благодарение на извонредното лево крило, Хуго Деска успева да се врати во игра на овој натпревар и да израмни на 9-9 во 17 минута. До крајот на полувремето се играше изедначено, а по првото полувреме шампионот на Франција имаше предност од 15-14.

Натпреварот имаше сличен тек и во второто полувреме, со таа разлика што овојпат домаќините на шест минути до крајот го решија натпреварот. Данкерк благодарение на одличниот Емонет повторно поведе со три голови разлика (18-15) во 34 минута. Кретеј успеа да го држи овој натпревар во неизвесност до 20 минути пред крајот кога со серија од 4-1 успеа да израмни на 19-19. Од тогаш Данкерк комплетно ја превзема иницијативата и со нова серија од 8-1 успеа да поведе со високи 27-20 во 54 минута, со што практично и беше решен овој натпревар. Кретеј касно се врати во игра и со нова серија од 6-0 се избори за минимален пораз од 27-26.

Најпрецизни во екипата на Данкерк беа Туати и Емоне со 7, а Жарко Пејовиќ постигна 4 голови.
Хуго Деска и Дејан Малиновиќ со 7 погодоци беа најпрецизни во екипата на Кретеј. Борко Ристовски забележа 7 успешни интервенции.

ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ ОД 4-ТО КОЛО:

Шамбери-Истрес 22:22
Селестат-Рен 24:32
Трембе-Аикс 27:27
Нант-Монпелје (2.10.2014, 20:45)
Сант Рафаел- Тулуз (4.10.2014)