Франција без Бараше и Акамбре, но со Нарцис против Македонија во Тулуз!

По натпреварот од третото коло кој Франција го одигра во Скопје, два клучни ракометари нема да настапат на возвратниот натпревар во квалификацискиот циклус за ЕП2016.
Повредата на левиот бек на француската репрезентација и екипата на ПСЖ, Вилијам Акамбре ќе го оддалечи од терените до крајот на сезоната. По првичните оптимистички дијагнози, деталните прегледи покажале сериозна повреда на коленото односно менискусот и страничните лигаменти, за кои е потребен оперативен зафат. Тоа значи дека Акамбре ќе биде надвор од терените најмалку до почетокот на наредната сезона.
Покрај левиот бек, проблем со повреда има и десниот бек Хавиер Бараше, кој ќе го пропушти возвратниот дуел со Македонија. На нивно место повикани се ракометарот на ПСЖ, Даниел Нарцис и десниот бек на Сент Рафаел, Адриен Ди Панда.
Селекторот на Франција направи замена и на голманската позиција, па како втора опција покрај Омејер, наместо Винсент Џерард овој пат ќе брани Кирил Думулин.
Во репрезентацијата на Македонија, освен Наумче Мојсоски кој не отпатува за Тулуз, нема да има други промени во однос на првиот натпревар, неговото место ќе го завземе Филип Талевски.
Пред почетокот на ЕХФ неделата своето присуство во репрзентацијата го откажа Ренато Вугринец, а Никола Маркоски поради повреда на прстот на раката исто така ги пропушта овие дуели.