ФОТО НА ДЕНОТ: Победничко селфи на „црвено – жолтите“

Ракометната репрезентација на Македонија славеше голема победа против репрезентацијата на Исланд    (30-25) на теренот во „ Борис Трајковски“  и го продолжи патот за пласман на ЕП во Хрватска. Радоста од теренот се префрли во соблекувалната и беше овековечена со селфи како потсетник за почетокот на уште една, се надеваме успешна ракометна приказна на „црвено – жолтите“ момци.