ФОТОГАЛЕРИЈА+ВИДЕО: Да не им здосади ракометот – како се релаксираат ракометарите на Еурофарм Работник

Четвртиот ден од подготовките на Еурофарм Работник измина во пријатна и позитивна атмосфера. Ракометарите и стручниот штаб се на Маврово каде се бруси физичката подготовка. Малку тренинзи, малку фитнес и малку забава. Така изгледа попладневниот термин за тренинг на битолчани. Две групи, велосипед или кајак е орудието кое треба да ја создаде силата на тимот. Како се снајдоа ракометарите на Еурофарм Работник, погледнете низ фотографиите на 24Ракомет и видео материјалот.