Фленсбург старо-нов шампион во Бундес лигата

Екипата на Фленсбург не дозволи од готово вересија и го совлада Бергишер за официјално да ја обезбеди титулата во Бундес лигата. На гости старо-новиот шампион на Германија победи со 27:24 откако водеше во текот на целата средба и заслужено се закити со големиот трофеј.

Гостите видно мотивирани за победа тргнаа фуриозно и по првите 7 минути веќе беше 4:1. Бергишер за момент се врати, но повторно падна под притисокот на противникот кој во 25. минута имаше големи плус седум, а полувремето го доби со 13:8.

Фленсбург не би бил шампион кога би испуштил ваква позитива. Бергишер залудно пробуваше да се врати, но намалување на минус три беше најголемиот успех, а и со иста предност шампионот стигна до победа.

Кил остана второпласиран и покрај тоа што победи против Хановер. Фленсбург не дозволи изненадување и ја осигура третата бундеслигашка титула во својата историја.