Филип Кузмановски ја „искина“ мрежата на Нексе (ВИДЕО)

Капитенот на Металург, Филип Кузмановски имаше одличен натпревар на мечот против Нексе. Тој беше лидер на теренот, а со еден атрактивен потег дојде и до епитетот „гол на натпреварот“, па сигурно ќе има одлична можност да дојде до признанието и за гол на 3. коло.

Кузмановски претрча поголем дел од теренот и потоа со силен и прецизен удар речиси ја „искина“ мрежата на гостите од Хрватска.