Фернандез: Имаме одличен состав

Шпанската репрезентативка во составот на македонскиот шампион- Бегоња Фернандез одигра одлично во минатата сезона. Иако постигна само 11 погодоци во Лигата на шампионите, таа беше еден од клучните играчи во одбраната кои го доведоа Вардар меѓу најдобрите екипи во Европа. После подолгиот одмор, Фернандез се чуствува подготвено за предизвиците кои ги носи новата сезона.

Се чувствувам одлично после првиот тренинг. Добро е што имавме доста време да се одмориме и да се видиме со нашите семејства. Оваа сезона имаме супер играчи во составот на екипата и се е одлично. Верувам дека секоја од девојките во нашата екипа би сакала да ја заврши сезоната со шампионскиот пехар, но сите знаеме дека ќе биде многу тешко бидејќи огромен е предизикот кој стои пред нас – за 24ракомет изјави линискиот играч Бегоња Фернандез.