Ференцварош без мака против Турингер

По триумфот над Мец минатата недела, екипата на Ференцварош ја продолжи победничката серија со победа над Турингер 32-24 со што се зацврсти на втората позиција во групата 1.

Ференцварош одлично го стартуваше натпреварот и по само 10 минути игра дојде до позитива од 4 погодоци 7-3, но Турингер на истекот на 20та минута се приближи на само 1 погодок негатива 10-9. Сепак следуваше период во кој Фернецварош ги консолидираше своите редови и создаде серија од 5-1, што на крајот значеше солидна предност од 15-10 на крајот на првиот дел.

Три брзи погодока постигна Ференцварош на стартот на вториот дел 18-10 и создаде висока предност со што стана јасно дека домшната екипа ќе запише нови два бода во главната фаза. Предводници на победата со резултат 32-24 беа Хорњак и Снелдер со четири погодоци, а ист број на спротивната страна постигнаа Шмелцер и Вохболд.

Со оваа победа Ференцварош е на втората позиција во групата 1, додека Турингер се наоѓа на предпоследната позиција со бодови.