Фантастична партија на Серафимова, Ринкобинг немаше милост за Вендсисел

Тимот на Ринкобинг, каде што настапува македонската репрезентативка Матеја Серафимова, оствари убедлива победа, 30-18, во натпревар од 10. коло во Првата дивизија во Данска.

Нашата голманка беше најзаслужна за триумфот и ја доби наградата за играч на мечот, а забележа  15 интервенции.

Ринкобинг во десет меча има осум победи, едно реми и еден пораз, со 17 бодови се наоѓа на првото место на табелата со големи шанса да направи камбек во елитната конкуренција.